1. |
Бура
01:33
|
|||
Има бура која не се сопира,
Бура од немир, сила, љубов, инат, страв и трепет, луѓе гинат.
Бура од сништа,
Бура од копнежи,
Страшна бура.
Има бура која не се сопира,
Од која не можеш да се соземеш.
Бура од сништа,
Бура од копнежи,
Ќе те сотре ако,
Полн си со сомнежи.
Има бура од која тешко ти е да дишеш,
Бура од тага,
Бура од среќа,
Постоиш за да дишеш во таа бура,
Знаеш дека не можеш да ја победиш.
Постоиш за да дишеш за да бидеш во таа бура.
Постоиш за да дишеш за да бидеш во таа бура.
Постоиш за да дишеш за да бидеш во таа бура.
Постоиш за да дишеш за да бидеш во таа бура.
|
||||
2. |
Цвет
04:22
|
|||
Те пазеа,
Те растеа,
Како редок цвет,
Овенат.
На нечива воља,
Ставен во книга со четири ѕида.
На твоја среќа,
Се храниш - ги рушиш ѕидовите така.
Фасциниран на слика,
Ја разбираш, чувствуваш, цела без мака.
Те видоа мирен,
Те ставија ред да чекаш онака.
Лист по лист, бојата ти опаѓа.
Ден по ден коренот ти пропаѓа,
Коренот пропаѓа.
Те пазеа,
Те растеа,
Како редок цвет.
Те пазеа,
Те растеа,
На крајот за да овенеш.
Со пот и без боја,
На лице ти тече последната капка.
Ја собираш лека, полека,
Полека, одмаздата многу е слатка.
Со вода во очи и стапки со крв,
Некој гази врз тебе.
Собираш сили да впереш ти прст,
Да го впереш во себе.
Лист по лист, бојата ти опаѓа.
Ден по ден, коренот ти пропаѓа,
Те пазеа,
Те растеа,
Како редок цвет.
Те пазеа,
Те растеа,
На крајот за да овенеш.
Кога сонцето ќе испушти зрак,
До тебе допира само мрак,
Искалемен од темницата,
Полека но сигурно ќе изникнеш пак!
Те пазеа,
Те растеа,
Како редок цвет.
Те пазеа,
Те растеа,
На крајот за да овенеш.
За да овенеш.
|
||||
3. |
Диши
03:44
|
|||
Се нервираш,
Се стресираш,
Мислиш цело време некој те тестира.
За кој кур,
Само од инат,
Цело време како ѓубре те третират.
Се нервираш,
Се стресираш,
Мислиш цело време некој те тестира.
За кој кур,
Само од инат,
Цело време како ѓубре те третират.
Ти трпи, ти трпи, ти трпи, ти трпи.
Ти диши, ти диши, ти диши, ти диши.
Ти треба само да се олабавиш.
Треба само да се олабавиш?
Секој нерв е залудно потрошен,
За желбата мирно да спиеш.
Секој миг и од повеќе промислен,
За следен ден повторно да си гниеш.
Краток фитиљ и нема да го кријам!
|
||||
4. |
Легендата
04:26
|
|||
Црн чад изгрева крај ридот,
Како сончоглед возвишен гордо.
Се будат птиците и црцорат песни,
Крај реката со боја на модро.
Во нивни песни зборови нема,
Само лелек од минато тажно.
Од буката се разбуди џинот,
Собра сили и извика снажно:
Од мене погласен не смее да има!
Гази, гази, пред себе.
Пази, пази, пред тебе.
Уништи сѐ што стапна со нога,
И патот пеш под нозе го фати,
Дур се враќа во својата дома,
Животот на сите им го скрати.
Гази, гази, пред себе.
Пази, пази, пред тебе.
Легендата вели му нема крај,
Ти како помал само ќути и трај.
|
||||
5. |
Пауза
00:47
|
|||
6. |
Крал
03:52
|
|||
По стрмен пат, до највисоката кула,
Налетав на човек стар, го гледам со брада до муда.
Ме праша: „Знеш ли кој сум јас?“, со глас длабок ко бунар.
Му вратив: „Ме заболе стап.“, ме погледна како лудак и викна:
Јас сам сум покорен на само себе,
Зошто јас сум крал.
Со поглед ми влезе во глава, со чудни моќи,
Ми покажа демони рој, се борев илјада ноќи.
Се освестив на исто место, не минало време,
Ми вели: „Се видов во тебе, мали, ист си ко мене.“
И ти си покорен на само себе,
И ти си, ти си, ти си - и ти си крал.
Сега знам,
Јас сам,
Сум покорен на само себе.
Сега знам,
Јас сум крал,
Сум покорен на само себе.
Сега знам,
Ти сам,
Си покорен на само себе.
Сега знам ти си крал,
Ти си крал,
Си покорен на само себе.
|
||||
7. |
Крајот
04:08
|
|||
Скршени куќи,
Скршени сништа,
Сеуште се руши и се крши сѐ пред мене,
Очи в очи со крајот,
На стаклени нозе едвај стојам,
Ама ќе стојам.
Мирно е морето,
Во твоите сништа.
Тажни се децата,
Во твоите неостварени спомени.
Ладен е ветрот,
Во твоето совршено лето.
Го слушаш ли звукот?
Звукот на разумот полека згаснува.
Очи в очи со крајот,
Крвав поглед имал.
Од глетката очиве ме уморија.
Секој ден - ден на жалост,
Тивко и сигурно,
Човекот во тебе полека умира.
Скршени куќи,
Скршени сништа,
Сеуште се руши и се крши сѐ пред мене,
Очи в очи со крајот,
На стаклени нозе едвај стојам,
Ама ќе стојам.
Иако се руши сѐ пред мене,
До последен здив јас ќе стојам.
|
PEACH VICE Skopje, North Macedonia
PEACH VICE (/ˈпич,-вајз/) е пост-пандемски бенд, роден од бурата на пред-пандемскиот човек. Метафизичко дијалектички битија, со потреба за хаос и бес, ширење позитивен гнев и желба за развивање (не)свест, бендот се оформува во конечната форма пред крајот на 2022та година. Првиот албум EKIPIZZA излегува на 31.01.2023. ... more
Streaming and Download help
If you like PEACH VICE, you may also like:
Bandcamp Daily your guide to the world of Bandcamp